Мицкоски ги откри имињата: Еве кои ќе бидат министрите во новата Влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски, вечерва по Централниот и Извршниот Комитет на партијата даде изјава за јавноста. Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада. Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски Министер за одбрана – Владо Мисајловски Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски Министер за локална самоуправа – Златко Перински Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски Министер за спорт – Борко Ристовски Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски Министер за образование и наука- Весна ЈаневскаМинистер за политички систем – Љупчо ДимовскиМинистер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието во вторник, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет. Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.