Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

Сподели на:

Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи коишто во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира.Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски по извршениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

-Отворен е простор од 8 километри на целата траса, деминиран комплетно, решен имотно правно како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следи и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно правно решени, битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека до отприлика крајот на 2027 година, отприлика 3 години ќе бидат потребни за да ова овдека се заврши, рече премиерот и додаде

Уште еднаш голема благодарност и до вас медиумите што континуирано ја следите работата на политичарите и ве охрабрувам така да продолжите затоа што само преку вас ние можеме сето она што го правиме за граѓаните да го доближиме поблиску, а тие да ги почувствуваат бенефитите од сето тоа“.

Сподели на:

Слични Објави