Мицкоски на средба со менаџментот на ЛИДЛ
Денес имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ кој подолго време превземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада. Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ. Изјави денес Претседателот на Влада на Република Македонија Христијан Мицкоски.