Мицкоски во Прилеп им оддаде почит на хероите

Сподели на:

По повод празникот 11ти Октомври, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Прилеп им оддаде почит на загинатите херои. Заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски и пратеничката Ане Лашкоска положија свежо цвеќе. Исто така делегации на Општина Прилеп , Општинскиот комитет Прилеп, Советот на Општина Прилеп и здруженија на граѓани им оддадоја почит на загинатите херои.

Мицкоски изјави: Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор и фашизмот во Македонија. Прилеп и Куманово ја започнаа таа битка што подоцна ја донесе слободата на Македонија. Честит 11 Октомври!

Сподели на:

Слични Објави