Мисајловски: 365 дена се доволен период да граѓаните ја воочат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Ова е нешто што го нема во Македонија, односно што го немало во минатото. Ми се допаѓа што е транспарентно, градоначалниците да покажат што направиле, каде се фокусирале во една година. И 365 дена е доволно вака време за да сите граѓани ја видат разликата. Во минатото честопати граѓаните велеа дека исти се градоначалниците, сите се исти, но има разлика, има голема разлика бидејќи слушнавме дека преку 120 милиони евра се вложени директно во инфраструктура и тоа само од градоначалниците, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес од политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”.
Мисајловски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат сработено многу повеќе и од владата.
– Може да се воочи дека по шатндовите ги има проектите на градоначалниците кои што ги имаат сработено во овие 365 дена. тука е расчистување на депониите, преубаво зеленило, преку 4 милиони евра за зеленило се издвоени. Десетици милиони евра се издвоени за училишта, за градинки, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излезе со програми кои содржат многу проекти, и тие треба да се реализираат.
– Една третина, половина од програмите се веќе во првата година реализирани и тоа е навистина за поздрав, заклучи Мисајловски.
Тој потсети дека кога бил министер имало посебни програми за водовод, за канализација, за локални патишта преку што директно ги помагал општините.
– А, сега можеме да видиме дека централната власт не помага, не дава доволно средства. Значи централната власт е таа што ги собира приходите на државата и треба да им помага на општините, рече тој.
Мисајловски додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ работеше, СДСМ ветуваше дека ќе направат над 1.000 километри регионални патишта, над 600 километри автопати, па ветуваа 1.000 локални патишта. Но од сите тие ветувања за жал граѓаните не добија ништо.