На 18-ти јуни заедно со граѓаните ќе испратиме јасна порака владеењето на СДСМ и ДУИ заврши изјави Николоски

Сподели на:

Мислам дека периодот на убедување заврши, ние имавме месеци во кои што се обидувавме низ политички дијалог да ја убедиме власта да одиме на предвремени парламентарни избори, а сега сме доведени во ситуација да мора да ја притиснеме власта на СДСМ и ДУИ да одиме на предвремени парламентарни избори. И затоа ја правиме активната блокада во Собранието, а исто така и затоа најавивме голем сенароден протестен собир на сите граѓани кои што сакаат да ни се приклучат на 18-ти јуни во Скопје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио слободна Европа.

Николоски додаде дека очекува голем број на граѓани да се приклучат на протестниот собир кој што ќе се одржи на 18-ти јуни пред Влада.

„Јас очекувам десетици можеби и стотици илјади граѓани да го посетат тој сенароден протест, на кој што јасно ќе се испрати порака до власта дека мора да се случат промени на Македонија“, потенцира Николоски.

Сподели на:

Слични Објави