Навивач на Левски во Скопје е ПРОБОДЕН СО НОЖ

Сподели на:

Вечерва се игра дуелот меѓу Шкупи и Левски, а голем инцидент се случи околу 19 часот. Два автомобили со бугарски навивачи ја напуштиле безбедносната зона по која се движеле сите автомобили и влегле во Чаир.Локалното население тогаш тргна и ги нападна, а еден од навивачите кои биле во автомобилот е прободен со нож.Истиот е префрлен во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Се уште не е познато дали ќе биде опериран или не, се вршат проверки на лице место.

На 27.07.2023 во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А..Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

Сподели на:

Слични Објави