Несреќа на роденденска забава во игротека

Сподели на:

Четириесет и петгодишен родител пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка, во детска игротека се здобила со изгореници на раката од струен удар, откако се фатило за една од цевките во објектот.

„На 17.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(45) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 19.30 часот во игротека во Скопско, на прослава на роденден на неговиот малолетен син, неговата малолетна ќерка се фатила за една од цевките во објектот, при што се здобила со изгореница на раката од струен удар“, информираат од МВР.

Сподели на:

Слични Објави