Ноќеска е уапсена газдарица на кафуле во Македонија
14 малолетници затекнати во кафулиња во Куманово по полноќ, сопственичката приведена.
Полицијата затекна 14 малолетници во угостителски објекти во Куманово по полноќ, при контрола извршена на 13 и 14 декември во четири локали во градот.
Во еден од објектите, малолетниците биле присутни по дозволеното време, а едно момче било под дејство на алкохол и пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од слобода е лишена 45-годишната С.В., која го изнајмила просторот каде биле затекнати малолетниците.
Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите, а по целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена пријава.


