Нов бисер: Пратеничка на СДСМ му го згреши името и функцијата на претседателот на украинскиот парламент
Нема крај на дипломатските скандали и срамови на власта. По низата случаи каде се поставуваа погрешни знамиња на држави при официјални посети во Македонија, скандали со поставувањето на амбасадорите и несоодветниот дрес код на некои министри при официјални посети во странство претставувајќи на Македонија, повторно нова бламажа за земјава.Пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на социјалните мрежи објави фотографија на која е сликана со претседателот на украинскиот парламент, но во описот таа целосно го згреши неговото име и функција.
Средба со Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно ја извршува привремено и функцијата Претседател на Украина, во рамки на студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг, објави пратеничката.
За срамот да биде поголем, во коментар на нејзината објава се огласи лично спикерот на украинскиот парламент кој и посочи на пратеничката Калеска Ванчева дека неговото име е Руслан Стефанчук, како и дека претседател на Украина е Володимир Зеленски.