Општина Прилеп домаќин на 50 млади од Пелагонискиот регион
Во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија” денеска во големата сала на Општина Прилеп каде што Советот ги одржува своите седници, Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски беа домаќини на 50 млади од Пелагонискиот регион.
Денешната посета на младите на Општина Прилеп имаше цел да се се дебатира на тема „Одржливост и долгорочна ориентација“ која е дел од овој проект чиј главен носител е „Про Локал“ од Битола во соработка со уште девет граѓански организации и седум општини од Пелагонискиот регион вклучувајќи го и Прилеп.
Гостите на средбата беа запознати со начинот на кој заседава и одлучува Советот, со цел преку практични примери да осознаат како нивните идеи можат да бидат реализирани. Изјави Претседателот на совет Дејан Проданоски. Општина Прилеп односно Градоначалникот и Претседателот на совет ќе им даваат поддршка на младите и понатаму и ќе бидат најголем партнер на младите за реализација на нивните идеи и проекти и ќе се залагаат за поголема интеграција на младите во опшеството.