Палачинкијада со Биби во Прилеп

Сподели на:

Денес се одржа палачинкијада во Прилеп, каде најмалите имаа можност да се дружа со Биби, на настанот присуствуваше и Градоначалникот Борче Јовчески каде изјави: Ја враќаме традицијата, крајот на учебната година да го најавиме со оваа „слатка“ манифестација „Палачинкијада“. Општина Прилеп и јас како градоначалник, сакаме на сите ученици да им посакаме среќен летен распуст, исполнет со многу игра, смеа, но и читање на лектири и мала подготовка за наредната учебна година! Воедно сакам да ви се заблагодарам што сите вие бевте оваа година одлични ученици, пред се прекрасни деца, прекрасни другари, вредни, упорни и истрајни до крај. Ја проследивме забавната програма со Биби и сите ги пробавме вкусните палачинки. На најдобрите ученици симболично им доделивме по една Пофалница, а ги поттикнуваме сите останати да имаат уште повеќе успех во иднина.

Сподели на:

Слични Објави