Петар Ристески им даде поддршка на протестите на пензионерите
Како што кажаа и од Иницијативниот одбор, пред некој ден пратениците од Прилеп добивме покана од Иницијативниот одбор да излеземе и да дадеме поддршка на протестите кои веќе еден месец ги организира Иницијативниот одбор, од членовите на Здружението на пензионери од Прилеп, како и на територијата на целата држава Република Македонија.
Јас секако како народен пратеник дојдов на првата покана и се појавив да дадам поддршка бидејќи гледам од разговорите низ целиот месец, но и сега тука со сите присутни дека луѓето се излезени тука од мака.Нема овде ни политика, нема овде ништо друго, овде се луѓето излезени од мака бидејќи јасно е во оваа држава со 10-11.000 денари не се живее.Овие луѓе се наши родители, мајки, татковци, баби и дедовци, и мораме да дадеме поддршка бидејќи гледате сите што се случува, колкав е порастот на трошоците, колкава е потрошувачката кошничка, неколкукратно зголемена и во моментов изнесува некаде околу 52.000 денари. Епа јас ќе прашам дали можат овие луѓе, еве и две пензии нека влегуваат во едно семејство да издржат. Не можат да дојдат ниту на пола од цената на потрошувачката кошничка.Затоа како пратеник во републичкото Собрание давам апсолутна поддршка дека ова мора да се реши, без разлика кој е на власт, кој е опозиција за ова мора да се најде решение. За да дојдеме до решението најпрво треба да се истакне кој е проблемот и како дојдовме до оваа ситуација.Морам да истакнам дека пред неколку години кога од СДС дојде на власт го променија начинот на нивелација на пензиите. Го сменија начинот и кажаа дека ќе најделе нов начин, подобар, а го укинаа нивелирањето на пензиите по две карактеристики зголемување на трошоците и зголемување на минималната, просечната плата.Кога го укинаа нивелирањето по критериумот на минимална, односно просечна плата тогаш дојдовме до појава на овој јаз помеѓу минималната, просечната плата и пензиите. Пензиите останаа ниски, а трошоците неколкукратно продолжија да се зголемуваат. Видовме како се зголеми цената на струјата, шеќерот, маслото, брашното, млекото, апсолутно на се. Инфлацијата помина и 20 проценти, највисока во Европа ни беше и во моментов е во Република Македонија. Така да мора да се најде решение за овие луѓе кои се тука.