ПЕТТИ И ПОСЛЕДЕН АКАТИСТ во Параклис
ПЕТТИ И ПОСЛЕДЕН АКАТИСТ СО ПОЧЕТОК ОД 17 ЧАСОТ, во последниот петок од Великиот Воскресенски пост во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Мало повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ. Потоа ќе се одржи и предавање од овогодишниот циклус на предавања на тема: “Љубовта како начело во Благодатта Божја”, на кое ќе предава протоереј Дејан Секулоски , во просториите на административната зграда. Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ на Прилеп со помасовно присуство на предавањето. Храбра наша Војвотко победоносна, ние, слугите Твои од зло избавени,песни пофални Ти воспеваме, Богородице. Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!
