Поради единица по историја малолетник убил најмалку 10 лица во Белград, 8 од нив се деца

Сподели на:

Осум деца, припадник на обезбедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда.Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука кон учениците, потврдено за Б92.

Едно дете е животно загрозено и во моментов е на операција каде му се третира повреда на главата. Други две деца се хоспитализирани со прострелни рани и во моментот се на интензивна нега.„Доби единица по историја и затоа полуде. Пукаше во наставничката по историја на час, а потоа и во неговите другари. Тој ги има сите петки, сите го знаеме како бубалица“.Вака учениците од ОУ „Владислав Рибникар“, каде што седмоодделенец влета на час и со пиштолот на татко му уби неколку лица.Напаѓачот е уапсен. При претрес во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар каде утрово ученикот К.К уби десет лица, пронајден е ранец во кој имало три молотови коктели.К.К го оставил ранецот во кабинетот за историја.Ученикот кој го изврши масакрот, пукал од два пиштоли, од кои едниот CZ 99. По масакрот К.К се сокрил во училишниот двор, каде бил пронајден и уапсен.Се сомнева дека момчето испукало неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште. Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.

Сподели на:

Слични Објави