Потона познат сплав во Белград

Сподели на:

Во Белград во текот на новогодишната прослава потона познатиот сплав Фристајлер. Притоа повредена е една довојка, на која помош и е укажана на самото место, додека две екипи на Итната помош веднаш се упатиле на местото на настанот, јавува Нова.рс. Според српските медиуми, кога сплавот почнал да тоне, гостите во паника трчале надвор. Кога последните гости бегале од сплавот, водата веќе им била речиси до колена, покажуваат снимките на кои се слушаат и пискотници.

Предниот дел од сплавот останал на површината, додека остатокот потонал под вода. Сплавот Фристајлер се наоѓа на реката Сава во Белград, на устието на Сава во Дунав од страната на Нов Белград.

Сподели на:

Слични Објави