Премиерот Димитар Ковачевски бил затруен од храна
Премиерот беше примен со болки во стомакот од веројатно труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега, по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба, изјави за порталот директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ.