Прилеп има 69,025 жители 7,743 помалку од минатиот попис
Државниот завод за статистика денес ги објави официјалните резултати од пописот во 2021 година. Во Република Македонија има околу 1,800 000 резидентни жители, во Прилеп има 69,025 жители што е за 7,743 помалку од пописот во 2002 година, а пак во Скопје живеат 526,502 жители што пак е за 19,576 повеќе од пописот во 2002 година.
На пописот во 2002 година во Прилеп имало 76,768 жители, а на пописот во 2021 има 69,025 од кои 34,208 мажи и 34,817 жени, 58,349 Македонци, 127 Албанци, 1060 Турци, 3966 Роми.