Приведени инспектори од УЈП во Прилеп
Според неофицијални информации и извори од МВР денес биле приведени службеници од управата за јавни приходи во Прилеп кои наводно биле вмешани во предметот “Синџир” кој го покрена ЈО за гонење организиран криминал. Еден од приведените инспектор во УЈП Прилеп и висок функционер на СДСМ Прилеп.
Врз основа на дополнително обезбедениот доказен материјал денеска до Основниот кривичен суд Скопје обвинителството поднесе Обвинителен предлог против петнаесет лица вработени во Генералниот даночен инспекторат на УЈП и Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола и Прилеп. На сите обвинети им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.1 и чл.45 од КЗ.