Проданоски и Кржеска со изјави после победата во Прилеп

Сподели на:

ПРОДАНОСКИ: СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГО СТАВИМЕ ПРИЛЕП НА БРЗА ЛЕНТА И ДА ГО НАПРАВИМЕ НАЈУБАВ ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА. Сакам да го изразам моето огромно задоволство за поддршката која ни ја дадоа, повеќе од 50% од излезените гласачи заокружија за број 9, односно за кандидат за градоначалник за мене и мнозинство во Советот предводен од идната претседателка Билјана Кржеска. Од досега сработените резултати сметам дека имаме повеќе од 9.000 гласови предност пред вториот кандидат на листата од оние 9 кои беа претставени на овие избори, а согласно пребројувањата некаде околу 17 советнички столчиња би имале во следниот Совет на Општина Прилеп, што значи една убедлива победа. Волјата на граѓаните е единствена, го покажаа вистинскиот пат, одбраа луѓе кои се вистински избор и сметам дека нема да се усрамиме со ова што го добивме како поддршка, туку напротив ќе биде наша уште поголема обврска да сработиме што е можно повеќе за Прилеп“, истакна вечерва Дејан Проданоски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој прогласи победа за градоначалник за Прилеп уште во првиот круг на изборите.истакна вечерва Дејан Проданоски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој прогласи победа за градоначалник за Прилеп уште во првиот круг на изборите.

Д-р КРЖЕСКА: СО ВАША ПОМОШ ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА ГИ РЕАЛИЗИРАМЕ СИТЕ ПРОЕКТИ И НАШАТА ВИЗИЈА ЗА ПОУБАВ ПРИЛЕП. Да се заблагодарам на прилепчани, сите кои ни ја дадоа нивната поддршка, кои гласаа за нас, нѐ поддржуваа цело време во кампањата и денес, истакна вечерва Билјана Кржеска, носител на листа за совет на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп. „Со ваша помош понатаму ќе успееме да ги реализираме сите проекти кои ги замисливме и нашата визија е за Прилеп да биде поубав град, со посветла иднина, Прилеп каков што го сакаме“, изјави Д-р Кржеска.

Сподели на:

Слични Објави