Проданоски: Покачени се платите во образование и здравство, а ќе се покачат и во МВР и администрација
Пресс конференција – Дејан Проданоски
Од кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт, покачени се платите на сите образовани работници, од основното до високото образование. Покачени се платите на вработените во здравството, ќе се вработат 600 приватни специјализанти, а решение ќе земат над 1.000 здравствени работници кои се сега со договор на дело. Повисоки плати ќе земат и вработените во МВР и во јавната администрација. Ќе има и повисока минимална плата согласно законот, а доколку на ЕСС се договорат синдикатите и работодавачите, владата ќе ја прифати таа минимална плата. Додека СДСМ критикува, во моментот се исплати првата транша на евтини кредити кон стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот повик.