Проданоски: Се скратува можноста за субјективно доделување на средства
На 24та седница на Советот на Општина Прилеп, советниците дебатираа и за новиот правилник за утврдување на критеримуите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп зa спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации. Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски зема збор од говорницата и изјави: Со новиот правилник се скратува можноста за субјективно доделување на средства. Во текот на наредната недела ќе биде објавен оглас. Средствата ќе почнат да се исплаќаат од средината на месец мај.