Протест на производителите на зелка во Струмица (видео)
Производители на зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство.
Како што кажаа на протестот, договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува по 20 денари за килограм во текот на оваа седмица сопгласно законот не се почитува и денеска откупната цена е 15 денари.