Рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп

Сподели на:

Започна еден од поголемите проекти предвидени за оваа година, рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп! Градоначалникот Јовчески изјави: Денес извршивме увид на улицата ,,Мукос“, од каде што стартуваме со реализацијата на овој капитален проект за Прилеп, затоа што започнуваме една акција со која ќе рехабилитираме улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години! Со нашиот план за подобрување на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообрајќајот а се разбира и нивото на услуги на сите наши сограѓани корисници во сообрајќајот. Оваа Локална самоуправа на општина Прилеп ќе продолжи да работи во интерес на сите наши сограѓани !

Сподели на:

Слични Објави