Рехабилитација на училиштето во Старо Лагово
Нови инвестиции во подрачното основно училиште во Старо Лагово! 48 нови клупи и столчиња за исто толку ученици од прво до деветто одделение! Целосна рехабилитација на санитарните јазли, телевизори за секоја училница и ново проектиран и реализиран, според законските регулативи за безбедност, излез од училиштето! За краток период инвестирани над 500 000 денари во ова подрачно училиште на ООУ „Круме Волнароски“ во населено место Старо Лагово, се разбира огромна заслуга и до директорите и менаџментот на сите училишта, за нивната визија и желба за работа!
Во наредниов период започнуваме и со партерно уредување на дворот! Затоа што секое училиште, во секое населено место и секое дете е подеднакво важно! Локалната самоуправа на општина Прилеп ќе продолжи со континуирани инвестиции во делот на образованието. Создаваме поквалитетна иднина за нашите најмили преку подобрување на условите за нивниот развој, а со тоа вложуваме и во иднината на нашата општина Прилеп изјави Градоначалнокот Борче Јовчески при посетата на училиштето во Старо Лагово.