Реконструкција на улицата Леце Котески влезот од Крушево

Сподели на:

Денес се потпиша договор за реализација на Проектот за „Реконструкција на улицата Леце Котески“, аплициран преку Проектот за поврзување на локалните патишта – финансиран од Светска банка а имплементиран од Министерството за транспорт и врски, претставувано од Министерот, Благој Бочварски.

Градоначалникот Борче Јовчески истакна: Убава вест за сите наши граѓани од Општина Прилеп. Нашата Локална самоуправа ги спроведе сите технички документации и после година и половина чекање, конечно дојдовме до фаза на почеток на градежните работи на овој наш значаен влез на градот кој што не поврзува со општина Крушево. Подобрувањето на патната инфраструктура, со цел да создадеме погодни услови за зајакнување и унапредување на бизнис климата во нашата општина останува наша цел. Во таа насока, за да обезбедиме реализација на што е можно поголем број на проекти од капитално значење за нашиот град, ќе продолжиме да работиме и соработуваме со сите надлежни институции.

Сподели на:

Слични Објави