Сајкоски во посета на Прилеп
Денес во Прилеп беше во посета генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, како што изјави Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп односно:
Вечерва одржавме неколку продуктивни средби со граѓаните од МК РИД 36 и МК Жабино маало како и состанок со Општинскиот комитет. Заедно со генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, градоначалникот Борче Јовчески, организациониот секретар Лилјана Затуроска и пратеничката Ане Лашкоска ги посетивме жителите на овие две населби во Прилеп каде успеавме да ги слушнеме нивните проблеми, критики и констатации. Од целокупната дебата која се отвори на средбите со граѓаните заеднички донесовме заклучок дека има огромно незадоволство од централната власт предводена од ДУИ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ е обединето како никогаш претходно и со сигурност ќе излезе како голем победник на наредните избори на кои СДС и ДУИ ќе бидат катастрофално поразени и испратени во историјата како најлошата власт. Народот бара избори час поскоро!