Се обидел да силува малолетничка од Прилеп
На 15.04.2023 Сабота во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода лице на 27 години од Прилеп затоа што се обидел да изврши полов напад врз малолетничка од Прилеп. Лицето било задржано во полициска станица и по координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.