Студентска револуција во понеделник пред МОН: На студентите не им е исплатена ниту една рата од стипендиите!

Сподели на:

Како последица од ниту една исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од страна на Министерството за образование и наука најавуваме ПРОТЕСТ пред МОН во понеделник од 12:00 часот, велат од студентската организација Студентска револуција. И покрај лажните ветувања и скапиот ПР на министерот Јетон Шакири ниту едно ветување не е остварено.

Студентот е доведен до мизерна положба во општеството и она што го следува со право на закон кадарот на ДУИ директно им ги крати истите права. И покрај предупредувачките соопштенија за протест, МОН нема слух па како резултат на тоа време е секој студент да излезе на улица и да ги побара своите права! Се гледаме во понеделник (05.02.2024) пред МОН!, велат од Студентска револуција.

Сподели на:

Слични Објави