ТАГА ДО НЕБО: Македонија се збогува со Панчо

Сподели на:

По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, денес во приватната клиника каде што повеќе од шест месеци се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо, предводникот на ар ен би дуото ДНК. Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животнозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот персонал и покрај целата борба и се што можеле да сторат, а било во нивна моќ, не успеале да му го спасат животот

Панчо, утрото по несреќата на 16 март, беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сестра за медиумите тогаш потврди дека има повреди по лицето и рацете, но дека е вон животна опасност. Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции. Македонија се збогува со еден од најголемите хуманитарци на естрадата, колегите со потресни зборови на социјалните мрежи се простуваат од Панчо.

Сподели на:

Слични Објави