Труење во хотел на брегот на Охридското Езеро: Седум лица се во болница!
Двајца охриѓани и петмина скопјани во петокот пријавиле во полициска станица во Охрид дека имаат знаци на труење со хлор, откако го користеле хотелскиот базен. На сите им била укажана медицинска помош, а случајот дополнително ќе се истражува.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 Декември во вечерните часови во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.
„Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, се вели во соопштението од МВР.
Од таму информираат дека за случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центарот за јавно здравје и трудовата инспекција, а увид извршиле полициски службеници од СВР Охрид.