Владата на СДСМ е неподготвена во однос на кризата, додавајќи дека државата нема доволно количини на стокови резерви – Изјави Мицкоски
Зошто тогаш ако имаше доволно стокови резерви не се интервенираше на пазарот за нафта и нафтени деривати, тогаш ќе немавме проблем со цените, ќе немаше цените да одат до плафон, ќе немавме ние никаков проблем, ако се подготвувале, смета Мицкоски.
Мицкоски ги охрабри и медиумите да проверат дали има доволно количини на мазут, но и доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли.
Но не само што не беа подготвени, туку и денес да ги прашате каква им е стратегијата не знаат. Еве прашајте ги дали имаат доволно количини и проверете како медиум ве охрабрувам, појдете на терен каде што се државните резерви да видите дали има доволно количини на мазут. Дали има доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли, нагласи Мицкоски.