ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали платата на функционерите
600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.-ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите. Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот, истакна Митева.