ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик за избор на кандидат за претседател на државата

Сподели на:

ВМРО-ДПМНЕ врз основа на членовите 38, 40, 41 и 42 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, како и заклучоците донесени на седницата на Извршниот Комитет од 05.12.2023 година распишува јавен повик за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори. Како што соопштија денеска од ВМРО – ДПМНЕ, кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели на:

Слични Објави