Во прилепските градинки ослободени од партиципација се повеќе дечиња
Во градинките во Прилеп, со одлука на советот на Општина Прилеп, ослободени од партиципација ќе бидат повеќе дечиња.
Станува збор за 25 деца – роми кои спаѓаат во групата на социјален ризик, и за истите е обезбеден престој без партиципација.
Врз основа на информациите од градинката, проектот „Инклузија на деца Роми во детските градинки“, опфатени се 25 деца од ромската популација кои се интегрирани во групите во прилепските градинки.