Започна реконструкцијата на тротарот на кејот од градската река во Прилеп
Работиме на комплетна реконструкција на тротоарот по должината на улицата „Кеј 1-ви Мај“, до железничкиот мост на кејската улица. Проектот опфаќа целосна реконструкција и уредување на тротоарот со бекатон плочки, поставување ново улично осветлување, кое досега недостасуваше на овој потег, како и поставување урбана опрема, со што просторот ќе биде безбеден и функционален за пешаците. Со оваа инвестиција значително се подобруваат безбедноста, функционалноста и изгледот на кејскиот појас, кој е важна пешачка и рекреативна зона за сите граѓани, особено за жителите од околните населби. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 7 милиони денари, обезбедени преку Министерството за транспорт, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта. Продолжуваме со работа и конкретни проекти за унапредување на инфраструктурата и подобар квалитет на живот во Прилеп! – Изјави градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски





