|

Затвореник побегнал од болница каде требало да му се интервенира

Сподели на:

Затвореник од затворот во Штип во 1:30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип. Бегството на 48 годишниот осуденик го потврдува директорот на затворот во Штип.

-Станува збор за 48 годишен пациент на кого требало да му се извади шраф од колкот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздухот, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот, вели Шуманска.

Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник, а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеци.

Сподели на:

Слични Објави