57 МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп
По 57ти пат, оваа година под името „Враќање дома“, театарската сцена тука во Прилеп ќе биде местото каде што на најдобар начин ќе биде дефинирана и презентирана суштинската потреба од театарската уметност во Република Македонија. Од вечерва ќе имаме можност да уживаме во симбиозата на најактуелното од театарот во Македонија. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е насушна потреба и за Прилеп и за Република Македонија, бидејќи ја отсликува потребата од идентификација на културата и традицијата. Во овој град секогаш има место за театарот, затоа со право велиме дека Фестивалот е бренд на нашиот Прилеп. Честитки за добитниците на наградите за животно дело, големите театарски и филмски мајстори, Петар Темелкоски и Петар Мирчевски, а исто така честитки до целокупниот тим за организацијата на МТФ ,,Војдан Чернодрински” а посебно до уметничкиот директор г-ѓа Ана Стојаноска. Вечерва Фестивалот започнa со претставата ,,Нема струја за електричниот стол” на Велешкиот театар. Воедно и ретката и роднокрајна збирка на драмски автори: Автор во фокус- Коле Чашуле, како и отворањето на изложбата ,,Еден облак подалеку” од прилепската авторка Татјана Винона Јонеска. На настанот беа присутни Градоначалникот Борче Јовчески и Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски.