|

Градоначалникот ги изненади дечињата од градинка со новогодишни пакетчиња

Сподели на:

Градоначалникот Проданоски денес ги посети и изненади дечињата од градинките Наша иднина со новогодишни пакетчиња: Детските насмевки се најубавиот украс на овие празнични денови и потсетник зошто грижата за најмладите е секогаш на прво место. Во пресрет на новогодишните празници ги посетивме најмалите и најмилите, дечињата од детските градинки „Наша иднина“ од Прилеп. Им подаривме новогодишни пакетчиња, заедно се забавувавме и споделивме радост, насмевки и празнично расположение. – изјави Проданоски.

Сподели на:

Слични Објави