„Широк дијафазон“ и Сашко Коцев вечерва во Прилеп (ВИДЕО)
„Широк дијафазон“ е насловот на стендап настапот во кој, како што вели Сашко Коцев, ќе зборува за аномалиите на општествените случувања, машко-женските односи, коментар на неговото лично постоење и опкружување.
„Широк дијафазон“ во изведба на Сашко Коцев вечерва на репризно издание беше во Прилеп пред преполна сала по втор пат ги изнасмеа прилепчани.
– Како и секогаш, моите теми се од животот, работи што ги гледаме секој ден, што ги живееме и сме ги прифатиле како такви, само јас ги раскажувам низ мојата призма на гледање и на хумор. Мојот последен целовечерен стендап беше доста одамна, мислам во 2017 година. Тоа не е мојата главна преокупација, па затоа и немав претстава колку време поминало, ама еве, сега решив зашто некако ми дојде музата да се искажам и заедно со публиката да си поминеме убаво! Овојпат одлучив да не биде клупски перформанс, туку во театар.
Зошто „Широк дијафазон“?
– И за тоа ме инспирира секојдневнието. Некои луѓе го грешат вистинското широк дијапазон. Дури некои го викаат и широк дијазепам на грешка. Од што толку се шегуваме и го употребуваме на смешка погрешно, некогаш кога треба виситнски да го употреувам, подзастанувам и дури не сум сигурен како беше. Инаку, вистински сакав да се вика широк дијапазон, поради повеќето теми што ќе бидат опфатени вечерта.