Диета со варени јајца, резултати за две недели
Сигурно е дека не постои човек кој барем еднаш во животот не се обидел да ја регулира исхраната и да пробал диета.
Некои луѓе се упорни, па успеваат брзо да ослабат, додека некои се мачат и полека слабеат.Во продолжение ви претставуваме диета со варени јајца која им помогнала на многу луѓе, а не бара многу храна. Сепак, пред да се одлучите за овој тип на диета, како и за секоја друга, консултирајте се со вашиот лекар. Еден од најважните делови е да пиете многу вода, особено ако сакате резултати што е можно поскоро бидејќи тоа повеќе ќе му помогне на процесот на детоксикација. Оваа диета е прилично едноставна и секој може да ја проба. Ќе мора да заборавите на нездравата храна, а исто така да го ограничите внесот на шеќер и сол, како и алкохол и газирано. Ако направите се како што треба, тврдат дека можете да изгубите и до 11 килограми за само две недели.
Прва недела:Кога станува збор за појадок, секој ден е исто: две варени јајца и еден лимон.
Понеделник: Ручек – 2 кришки интегрален леб и малку овошје Вечера – пилешко и голема порција салата
Вторник: Ручек – салата од пилешко и зелен зеленчук Вечера – 2 варени јајца, 1 салата од портокал и зеленчук
Среда: Ручек – 1 домат, 1 парче леб од цело зрно и сирење со малку маснотии Вечера – пилешко и салата
Четврток: Ручек – овошје Вечера – пилешко на пареа и салата
Петок: Ручек – 2 варени јајца и парен зеленчукВечера – скара или риба и салата
Сабота: Ручек – овошје Вечера – зеленчук со пилешко на пареа
Недела: Ручек – пилешко, салата од домати и зеленчук на пареа Вечера – парен зеленчук
Втора недела
Понеделник: Ручек – пилешко и салата Вечера – 2 јајца, салата и 1 портокал
Вторник: Ручек – зеленчук на пареа и 2 јајца Вечера – риба или скара или салата
Среда: Ручек – пилешко и салата Вечера – 2 јајца, салата и 1 портокал
Четврток: Ручек – 2 јајца, зеленчук на пареа и сирење со малку маснотии Вечера – пилешко на пареа и салата
Петок: Ручек – салата од тунаВечера – 2 јајца и салата
Сабота: Ручек – пилешко и салатаВечера – овошје
Недела: Ручек – пилешко и зеленчук на пареа Вечера – исто како и ручекот