Млеко 2022 во Прилеп
Градоначалник Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп – Дејан Проданоски, ја посетија манифестацијата наречена Млеко 2022: Како да го биеме млекото?
Преку примерот на автентично биено сирење кое што ја отсликува нашата богата македонска традиција, се надеваме дека денес на овој фестивал ќе се отворат важни дебати од кои би произлегле конструктивни идеи околу иднината и напредокот на нашето сточарство и млекарство. Исто така, неопходно е да се мотивираат се повеќе млади производители да почнат свои производства и да ја збогатат понудата на пазарот.