Најдобрата Кока Кола во светот е во Македонија
Кока кола произведена во Македонија е најквалитетната во цел свет, интерна комисија во матичната компанија на Кока Кола од САД им врачи признание на Скопска пивара за производство на најдобрата Кока Кола во конкуренција од земјите каде се произведува и полни Кока Кола. Ова престижно признание македонската Кока Кола го добива по втор пат односно прв пат го доби во 2012 година кога се одбираше во конкуренција од 170 земји ширум светот. Наградата се добива по направените контроли од страна на независни меѓународни лаборатории. Контролата на квалитетот се прави врз примероци од пијалаци земени од продажни места по случаен избор. Признанието за најдобар квалитет го добива само оној производител кој ќе добие највисоки оценки за квалитетот на пијалаците во текот на сите 12 месеци од календарската година.