Општина Прилеп повторно ќе субвенционира велосипеди
И оваа 2023 година Општина Прилеп ќе доделува субвенции како надоместок на дел од трошоците на граѓаните за набавка на велосипеди, едногласно одлучија советниците на Советот на Општина Прилеп, поддржувајќи ја оваа мерка како значајна, наменета за поттикнување на жителите за користење на алтернативни превозни средства со цел заштита на животната средина. Минатата година оваа мерка имаше голем интерес кај прилепчани.