Првата генерација медицински сестри и акушерки прославија 60 години од матура

Сподели на:

Денес во просториите на СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп, првата генерација медицински сестри и акушерки прославија 60 години од матура. Класниот час им го одржа директорката на училиштето, Жанета Видевска. На настанот присуствуваа ученици, стручни наставници и наставници по стручни предмети од здравствената струка во ова училиште, како и претставници на медиумите. На лицата на медицинските сестри кои одамна се во пензија се читаше нескриена радост и задоволство од настанот кој тие го организираа заедно со раководството на училиштето кое секогаш е отворено за сорабока. „Ентузијазмот на неколкуте медицински сестри, први во Прилеп, да организираат една ваква ретка средба, вроди со плод. Иако нивниот број е многу мал, тие сепак се собраа во училиштето од чиишто клупи излегле многу одамна и ја одбележаа 60-годишнина од матурирањето. Самиот чин на завршување на средно медицинско училиште, пред цели 60 години е за поздравување“, истакна во поздравниот говор директорката На СОУ „Ѓорче Петров“ кое е едно од најатрактивните училишта во регионов. Овој несекојдневен настан кај присутните предизвика многу емоции, но и желба секој да се оствари во својата професија и да дочека да прославува вакви значајни јубилеи. 

Сподели на:

Слични Објави