Тоше за овој свет, во ООУ Кире Гаврилоски
Денес во ООУ Кире Гаврилоски во Прилеп се одржа меморијален настан во чест на ликот и делото на Тоше Проески, каде беа изнесени неговите лични работи надвор од неговата спомен куќа во Крушево.
Тоше за овој свет, а овој свет за Тоше. За прв пат во нашата Република Македонија се изнесуваат овие работи надвор од спомен куќата. Чест, задоволство и привилегија ми е што сите овие работи премиерно се презентираат во нашево училиште. Тоше… Не постојат зборови со кои можеме да ја опишеме неговата големина. Целта на овој настан е сите да ги запознаеме со делото на големиот Тоше, а неговиот лик и неговите зборови да бидат поттик за идните генерации. Истакна директорот на ООУ Кире Гаврилоски-Јане Влатко Кузманоски.