УМС Прилеп доделија новогодишни пакетчиња во „Ѕуница“
Дечките од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денес го посетија дневниот центар „Ѕуница“ каде им поделија новогодишни пакетчиња на децата.
Нова Година и новогодишните празници се она што носи радост и сите ние со нетрпение го очекуваме!Денес го посетивме дневниот центар „Ѕуница“ каде на скромен начин, со новогодишни пакетчиња, предизвикавме радост и насмевка кај сите оние кои го посетуваат овој центар. Среќата ја прават малите нешта, па затоа сите ние треба да ја предизвикуваме секаде каде што можеме!
Среќни новогодишни и божиќни празници!