Градоначалникот Јовчески ја посети приватната кланица ,,Серта Компани”
Денес Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески беше во посета на приватната кланица Серта Компани која работи на територијата на Општина Прилеп.
Оваа приватна фирма учествува со 75% од вкупниот извоз на македонско јагне за Европскиот пазар, што значи дека учествува со значителен износ во БДП на државно ниво, на ниво на Република Македонија. Исто така е единствена во Македонија која го има ХАЛАЛ сертификатот за извоз на јагнешко и јунешко месо.
Како Локална Самоуправа секогаш ги поддржуваме и се однесуваме со респект кон економските оператори кои вложуваат во постоечкиот капацитет, но имаат и визија за раст и развој.Оваа посета се должи на тоа да се увиди процесот на припремата на јагнешкото месо пред стартот на велигденскиот извоз на истото за Италија, Германија, Хрватска, Грција, Бугарија, Јордан и други земји. -Изјави Јовчески на неговата објава на социјалните мрежи