ESCAPE BAND, млади професионалци кои ја освојуваат Македонската публика
ESCAPE BAND се млади музичари кои неуморно се трудат да ја забавуваат публиката во угостителските објекти ширум Македонија, па така можат да се пофалат на доста букирана агенда за наредните 2 месеци. Успешната приказна ја сочинуваат Кристијан од Берово, Драгана од Кочани и Тони од Демир Капија, интересно е тоа можеби и приметивте дека сите се од различен град во источна Македонија, но тоа ги прави уникатни и им овозможува полесно да стигнат до нив обожавателите и менаџерите на клубовите каде треба да настапуваат. Ги споило средното музичко училиште во Штип каде тројцата и се школувале. Кристијан е фронтменот на бендот кој секогаш е енергичен на настапите, Драгана е женскиот вокал со уникатна боја на гласот, а Тони е на клавијатури, тој што го исполнува бендот да звучи како што треба. Од дечките добивме неколку информации за нивните настапи доколку сакате да ги слушнете и да се забавувате на нивниот настап во Прилеп настапуваат во КИНО kitchen & bar и GOOD FELAS, во Берово во Калипсо и во Refresh cafe, во Делчево во Пинк Пантер, во Ресторан Тропик Пехчево исто така имаат настап и во соседна Бугарија во Софија.