УМС во полна сала го одбележа роденденот

Сподели на:

Вечерва во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп пред полна сала се обратија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Сергеј Попов и Христијан Тунески. Пред младите од цела Македонија, Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов ја промовираше програмата за млади “Визија за Победи, шанса за промени!” која се осврнува на идното делување на Унијата на млади сили за поголеми придобивки на младите во Македонија. Мицкоски ги поздрави младите кои беа присутни во салата и се осврна кон обединување за следните избори со порака дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба поголема поддршка од народот за да можи да обезбеди мнозинство во парламентот и како што рече да не им поставува услови Мала Речица, на што доби громогласен аплауз.

Сподели на:

Слични Објави